Деца на возраст од три и четири години починаа од грип, објави Институт за јавно здравје.
Едно од децата било од Кичево, а другото од Гостивар.
И двете биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје, на Одделот за интензивна нега.
Во текот на првата недела од 2017 година, во Македонија биле пријавени 8.067 новозаболени лица од грип.
Тоа претставува намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.