Дел од корисниците од село Усје, општина Кисела Вода денес од 8.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти Републичкиот центар за управување со кризи, прекинот е поради дефект на улицата „1“ бб до Пумпената станица Усје, во населбата Усје.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.