Кошаркарот на КК Работнички, Маркус Гинјард и младите од КК Работнички дадоа донација за децата од СОС Детско село.
Донацијата, како што посочуваат, ја даваат поради убедувањето дека секоја индивидуа треба да и возврати на заедницата во која живее.
„Од мал макотрпно се трудам да станам тоа што сум денес и затоа се заслужни моите родители, моите пријатели, мојата заедница и сега моите колеги и тренери. Тие секогаш ми помагале да го достигнам тоа што го сакам. Јас цврсто верувам дека поради подарокот кој ни го дава заедницата ние треба да и возвратиме, рече Маркус Гинјард во салата на КК Работнички.
Со овој чин, посочува, би сакале да им порачаме на сите мали, млади и деца, дека може да бидат се што сакаат во животот без разлика дали кошаркари, фудбалери, доктори, полицајци…
Смета дека преку спортот може да се пренесат голем број човекови вредности како тимска игра, одговорност, мотивација, работа, храброст и хуманост. Спортот, посочува Гинјард, има многу важна улога во општеството и со тоа што младите се вклучуваат во активности кои од нив градат луѓе со доблест ќе влијае врз долгорочниот развој на општеството.