Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин.
Во германскиот Бундестаг, Димитров ќе учествува на настанот „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјалдемократи, Зелените и Либералите.
Шефот на дипломатијата ќе има средби со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.
„Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници“, соопшто МНР