Државната комисија за спречување на корупцијата отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев, од кои две беа предмети на претходни судски постапки.
Антикорупционерите ќе истражуваат наводи на корупција во случаите „евро за Вицето“, „Глобал“ и „бугарските фирми на Заев“, додека четвртиот случај е за предметот “Земјиште во касарна” поради сомневање дека Сашо Брндевски купил 18.462 метри квадратни по повластени ниска цена од тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев.
Против вицепремиерот Кочо Анѓушев е отворена постапка за давање под закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала. Во пријавата стои дека земјиштето било доделено на фирмата МХЕ Тополки, каде што како сопственик се јавува Анѓушев преку неговата фирма „Фероинвест“.
За министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, е отворена постапка за сомнежите во врска со грчките фирми, кои се споменаа во „бомба“ неодамна објавена.