Пратениците на Европскиот парламент одобрија денес на заседанието во Стразбур нови мерки во борбата против тероризмот кои ќе третираат заминување на странски борци во конфликтните зони како терористичка обука или јавно поттикнување на тероризам.
Новите мерки ќе ги заострат казните за заминување или враќање на странски борци од конфликтните зони и помагање, финансирање и поддржување на такви акции.
После терористичките напади во Франција, Белгија и Германија, членките на Европската унија побараа поригорозни антитерористички закони, со кои ќе бидат опфатени поголем број екстремистички акции.
Усвоените мерки ќе бидат применети во наредните 18 месеци во членките на ЕУ.