„Раководството на македонскиот и европски шампион Вардар од утре ќе пушти во продажба сезонските билети. Приоритетната фаза ќе се реализира до 21 август на билетарницата на Тикет плус во СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември
следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на Тикет плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk“, соопштија од РК Вардар.
„Црвено-црните“ ќе играат во Б-групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Киелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.
Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар и тоа: во македонскиот шампионат, во домашниот куп, во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.
Во СЕХА лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.
Цените на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се 2.200 денари за трибините и 2.550 денари за А блоковите.