Новогодишната ноќ оваа година ќе трае една секунда подолго, еден подарок од планетата Земја за оние кои ќе се веселат.
Во сите земји во светот минутата меѓу 23.59 и 00.00 ќе трае една секунда повеќе отколку во „нормално време“, односно ќе има 61 секунда место 60.
Земјите чии часовници се поврзани за координирано универзално време (UTC), односно повеќе земји во Западна Африка, Велика Британија, Ирска и Исланд ќе додадат една секунда повеќе во своето одобрување до полноќ за Нова година.
Земјите кои се наоѓаат во зоната на централноевропското сметање на времето (GMT+1) ќе имаат подолг прв час во Новата година, дополнителната секунда ќе биде меѓу 0.59 и 1.00 часот.
„Таа дополнителна секунда дозволува да се усогласи астрономското нерегуларно време поврзано со вртењето на Земјата со скалата на времето, легално и исклучително стабилно, која од 1967 година ја одредуваат атомските часови“, наведе денес во своето соопштение Опсерваторијата во Париз.
Скалата за сметање на времето која се користи секаде во светот и која се наоѓа на часовниците се заснова на атомски часовници со голема прецизност.
Меѓутоа, „природното“ или „астрономското“ време кое е дефинирано со вртењето на Земјата околу Сонцето и кое го одредува протокот на денот и ноќта е нерегулирано.
Многу долгорочно планетата има тенденција на забавување под влијание на гравитациското привлекување на Месечината и Сонцето, со што неприметно се продолжуваат деновите на жителите на Земјата.
Поради тоа, од време на време потребно е да се наместат часовниците спрема планетите, а како референца се зема UTC.
Во просек, на секои 18 месеци треба да ги вратиме часовниците за една секунда наназад. Тоа е веќе направено 26 пати од 1972 година.
За додавање на „дополнителна секунда“ одлучува Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтните системи (IERS), чие седиште е во Опсерваторијата во Париз.
Треба да се спомене дека никој нема да ја забележи разликата дека имаме една секунда повеќе, но потребно е да се регулираат системите за навигација преку сателит и да се синхронизираат во големи компјутерски мрежи.