Четири лица го загубија животот денеска во експлозија на гас во Париз, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.
Првично беше објавено дека се повредени 36 лица, од кои 12 се во критична состојба.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане изјави за Ројтерс дека „ситуацијата засега е под контрола“.
Експлозијата се случи во пекара во париска пекара, а се верува дека ја предизвикало протекување на гас, јавија новинските агенции.
Ројтерс пренесува дека експлозијата по која следел и пожар, била толку силна што ја разнела пекарата, но и стаклата на објектите и зградите одалечени и по стотина метри.
Во спасувачката операција учествуваат речиси 200 пожарникари.
Очевидец од блискиот хотел рекол дека видел како огромен пламен избива од објектот кој потоа бил целосно уништен од експлозијата.
Во близина на местото каде што се случи експлозијата слетале два хелихоптера за да помогнат во евакуацијата на загрозените.
На француските телевизии емитувани се снимки од возила на Итната медицинска помош и на други служби кои стигнале на лице место, а полицијата ги советуваше граѓаните да го одбегнуваат тој дел од градот.
АП потсетува дека инцидентот се случил додека мерките за безбедност во Париз и ширум земјата се засилени поради протестите на „жолтите елеци“ закажани за денес попладне.