Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни Македонија со 2.000 евра поради шаренило во опремата на репрезентативците.
Една казна од 1.000 евра е изречена поради различните чорапи кои ги носеле македонските репрезентативци на натпреварите на Европското првенство во Хрватска, а другата поради носењето „стреч хеланки“.
Поради нестандардни чорапи на репрезентативците, Македонија беше казнета и на Европското првенство во Полска во 2016 година.