Во Црна Гора рано утрово е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е во подрачјето на Цетиње.
Сеизмолошкиот завод на Црна Гора го регистрирапе потресот малку пред 4 часот, со епицентар на три километри јужно од Очинич.
Силината на земјотресот во хипоцентарот изнесувала 3,7 степени по Рихтер, што одговара на епицентрален интензитет од четири до пет степени според Меркалиевата скала.
Жариштето на земјотресот е регистрирано на длабочина од 18 километри.