Натпреварот меѓу Торонто и Милвоки (118:93) во НБА доигрувањето во кое Торонто води со 3:2 го одбележа инцидент што се случи меѓу играчите на теренот.
Имено, инцидентот се случи во вториот дел од третата четвртина кога центарот на Торонто, Јонас Валачиунас, го блокираше Грег Монро, а потоа го сруши на паркетот.
Центарот на Милвоки изнервиран од грубиот и пред се некоректен старт на литванскиот интернационалец, стана и почна да го брка по целиот терен за да се пресмета со него.
Осветата ја дочека откако негов соиграч со прекршок го запре Валанчиунас ….
Монро го отурна соиграчот, а потоа тргна во пресметка со Литванецот.