Иран тестираше многу брзо торпедо „Хут“ во близина на Ормунскиот премин, соопштија три лица високопозиционирани во Министерството одбраната на таа земја, но не наведуваат дали тестирањето било успешно.
„Хут“ е сеуште во фаза на тестирање, но кога ќе биде во потполност оперативно би требало да се движи со брзина од шест наутички милји при брзина од 400 километри на час, информираат од иранската одбрана.
Иако јуришната група на американскиот носач на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ моментно е во Персискиот залив, тројцата ирански официјални лица тврдат дека тестирањето на торпедото „Хут“ не претставува закана за американските бродови.
Иран последен пат тестираше вакво торпедо во февруари 2015 година, пренесува Ен-Би-Си.