Пример дека и на роботите денес им е тешко да си ја задржат работата даде јапонскиот хотел „Хен На“, кој „отпушти“ половина од 243 роботи затоа што правеле повеќе проблеми отколку што можеле да ги решат.
Отворен во 2015 година, раководството на хотелот „Хен На“ се фалеше со податок дека вработиле стотина роботи кои извршувале разни работи. Меѓутоа, мораше да го признаат поразот и да „отпуштат“ голем број необични машини.
Без работа остана и роботот во облик на кукла, познат под името „Чури“, помошник кого го имала секоја хотелска соба. „Чури“ можел да ја смени температурата во собата и да одговори на некои од едноставните прашања, но немаше врска со блиските туристички атракции.
Проблемот со „Чури“ беше и тој што непрекинато ги будеше гостите затоа што хрчењето го разбираше како прашање.
Заменети се исто така и роботите на рецепција затоа што не можеле да ги фотокопираат пасошите на гостите, па секогаш кога за тоа имало потреба некој од персоналот морал да ја извршува таа работа наместо нив.
Роботите носачи на багаж можеле да стасаат само до 24 соби, а во хотелот има повеќе од стотина. Кога се лоши временските услови, кога врне дожд или снег, тие воопшто не биле функционални, а и често се заглавувале поминувајќи еден покрај друг.
За волја на вистината, многу од повлечените роботи биле во функција со години, па поради „старост“ и застареност се заменети, пренесуваат јапонските медиуми.
Управата на хотелот „Хен На“ на крајот одлучи поради ретрофутуристичкиот имиџ кој го оставал нивниот објект, роботите да не ги замени со нови, туку нивните работи да им ги повери на луѓе.
Колку управата на хотелот веруваше во способноста на своите електронски направи зборува и фактот дека во собата не биле воведени телефони.
Сепак, кога станаа свесни на ограничувањето на „Чури“, беа принудени на рецепција да вработат човек кој би одговарал на прашања на гостите.