Новиот бран хакерски напади кој почна да се шири во светот минатиот месец, зафати и европски и американски компании и сервиси откако претходно ги погоди Украина и Русија.
Блокирани се и некои меѓународни фирми во Хрватска, Србија и Словенија чии компјутерски системи се поврзани со нивните европски седишта.
Само еден месец пред тоа, на 12 мај, се случи еден од најголемите сајбер напади. Злонамерен софтвер од типот „рансомвер“, познат како „Вана Крај“, блокираше повеќе од 230 илјади компјутери во повеќе од 150 држави барајќи од жртвите откупнина во износ од 300 долари за спасување на податоците.
Сајбер криминалот стана вносен бизнис кој на хакерите може да им донесе многу пари.
Како да се заштитите од нов напад?
„Рансомвер“, познат исто така како заканувачки софтвер или криптовирус, е име за збир на малициозни програми кои го блокираат пристапот на корисникот на компјутерот и од него бараат одредена сума пари за понатамошно користење. Оваа метода на откупнина доживеа рапиден раст во последните неколку години со популаризацијата на биткоинот како дигитална валута која дозволува анонимни трансакции.
Еве како изгледа нападот: Се се случува за неколку секунди…
- Во најголемиот број случаи пренесувач е меил кој во себе ја содржи „заразата“. Се разбира, мејлот упатува на тоа дека се работи за нешто занимливо и интересно и безопасно.
- Нападот започнува со отворање на документот.
- Жртвата на нападот имено инсталира софтвер кој на хакерите им овозможува енкрипција и заклучување на сите податоци.
- Во тој момент на екранот се појавува порака со текст кој на жртвите им дава до знаење дека единствен начин тие повторно да дојдат до своите податоци е уплатата на одредена сума пари.
Фирмите или граѓаните, кој е подобра цел?
Квантитативно гледајќи, со проблемот на рансомвер често ќе се соочат приватните корисници (53%), но евидентен е тренд на значителен пораст на напади целно насочени на компаниите (47%).
Ако ја погледаме пошироката слика и рансомвер го ставиме во однос на сите други компјутерски закани, станува јасно дека токму тој е омилен метод со кој хакерите целат кон деловните корисници. 1,8 проценти е уделот на рансомвер во сите напади на компјутерите на граѓаните…
12,3 проценти е уделот на рансомвер во сите напади на компјутерите на фирмите.
Секоја втора фирма е нападната со рансомвер
Според големото компаративно истражување спроведено на 540 организации во САД, Велика Британија, Канада и Германија, зависно за државата и профилот на организацијата, меѓу 18 и 54 отсто од фирмите доживеале барем еден обид на напад со рансомвер во последните 12 месеци. Притоа предничат Велика Британија и Соединетите Американски Држави.
Во својот извештај за 2017 година угледниот НТТ Секјурити тврди дека 77 проценти од сите напади на фирмите се случуваат во четири главни индустрии:
28% – деловни и професионални услуги
19% – јавната управа
15% – здравство
15% – продажба
23% – останато
Како да се заштитите?
Ажурирај…
1.Оперативниот систем треба да биде редовно надоградуван , а истото тоа посебно се однесува на антивирусните и останатите сигурносни алатки
Архивирај…
2.Периодично креирање на сигурносна копија и нејзино потхранување на екстерна меморија или „клоуд“ сервис е најдобра заштита од губењето податоци
Внимавај…
3.Повеќето рансомвер вируси се превземаат поради човечко невнимание, заради што секогаш е потребно да се провери изворот и да се воздржите од отварање на апликации со сомнително потекло.