Со годинешното издание на „Бела ноќ“ денеска ќе се одбележи официјалниот почеток на главната туристичка сезона во Охрид.
Програмата ќе започне во 18 часот со настап на ДЏ Гец и уште неколку локални диџеи по што во 21 часот градоначалникот Јован Стојаноски ќе има поздравен говор, со што и официјално ќе биде отворена годинешната „Бела ноќ“.
Потоа следува уште еден блок музика по што околу 21.30 часот ќе започне концертот на Масимо Савиќ.