Шок во Атина. Најдобриот играч на АЕК, Мајкл Диксон, е уапсен во неделата, по предизвикување на сообраќајна несреќа во која 64-годишен маж го загуби животот.
Американецот кој настапува за селекцијата на Грузија, удрил во автомобил на 47-годишна жена во околината на Атина, поради што таа изгубила контрола над возилото и удрила во комунален работник.
Полицијата веднаш го привела Диксон, но и бргу го пуштила откако дал изјава и откако му бил земен примерок од крв заради анализа кој подоцна покажал дека не бил во алкохолизирана состојба.
Организаторот на играта во екипата на АЕК стигна во јуни од Нимбурк и потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.