„Кражба на пропаганден материјал за претседателски избори во Кавадарци извршил непознат сторител ноќеска по полноќ, а известен е и јавен обвинител, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Ноќеска по полноќ, во 00.50 часот во Полициската станица Кавадарци, Ф.Т. пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 15.04 до 00.30 часот на 16 април 2019 година, непознат сторител извршил кражба во работни простории во Кавадарци и одзел разни работни материјали и пропаганден материјал за Претседателски избори 2019, соопшти Додевски.
Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот. Известен е и јавен обвинител.