По поразот од Ливерпул на „Енфилд“, од Барселона пристигнуваа и други лоши вести во завршницата на сезоната.
Каталонскиот клуб соопшти дека Луис Суарез ќе паузира седум недели по хируршката интервенција на коленото, што значи дека нема да игра на трите послдени натпревари од сезоната, како и во финалето на „Кралскиот куп“ против Валенсија.
Инаку, навивачите на Барселона беа разочарани од играта на Суарез против Ливерпул.
Тие му забележуваат дека на реваншот практично бил отсутен, иако на првиот натпревар постигна гол.
Сега се поставува прашањето дали Уругваецот ќе биде подготвен за репрезентативните натпреварите од Копа Америка ова лето, што би бил сериозен удар за амбициите на Уругвај на ова првенство на Јужна Америка.