Хотел на југот на Германија го затрупа лавина, која му направи штета на објектот. Во инцидентот повредени нема, соопштија денеска регионалните власти.
Околу 100 гости од хотелот се евакуирани и сместени во други објекти во местото Балдершванг во регионот Обералге, рече портпаролот на локалната власт од тој регион, пренесе агенцијата АП.
Заради ризик од лавина на патиштата, околу 1.100 луѓе не можат да го напуштат местото Балдершванг, недалеку од австриската граница.
Властите во делови од Австрија, Германија и Швајцарија предупредија на дополнителни снежни врнежи и ризици од одрони.
Повеќе од десет луѓе го загубија животот во последните неколку денови во лавините и несреќите поврзани со лошите временски прилики во земјите од централна Европа.