Лидерката на француската десничарска партија „Национален фронт“, Марин ле Пен изјави денеска дека американските политичари кои ја карактеризираат Москва како закана се „заостанати“ и дека треба да го прифатат фактот дека Русија во 21 век е „модерна и сигурна“.
„Русија не е Советскиот Сојуз. Тоа е голема земја“, рече Ле Пен за телевизија Франс 2.
Таа наведе дека е изненадена што некои политичари се заглавени во минатото, „во студената војна во која Русија мора да биде апсолутно зло, а дека Америка е добра“.
Сето тоа, како што додаде, и делувало многу назадно.
Марин ле Пен отворено го поддржува рускиот претседател и нејзините врски со Москва со години се на мета на критика на јавноста.