Голманот на Реал Мадрид, Кико Касиља наскоро би можел да ја смени адресата, затоа што водешката екипа од англискиот Премиершип, Лидс јунајтед е многу заинтересиран за резервниот чувар на мрежата на кралскиот клуб.
Тренерот на Лидс, Марсело Бијелса, сака да доведе уште едно засилување на „Еланд роуд“ за да биде потполн шампионскиот поход, а со оглед дека Шпанецот не доби вистинска шанса во Мадрид преминувањето во нов клуб би му бил вистински предизвик.
Кико Касиља има 32 години, по потекло е од Каталонија, но мина низ школото на мадридскиот великан, каде сепак никогаш не доби вистинска прилика да го покаже својот квалитет. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно еден натпревар, а во шест наврати бранел и за селекцијата на Каталонија.