Милански Интер го означи напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, како замена за извесното заминување на Мауро Икарди ова лето, пренесува весникот Тутомеркато.
Како што се наведува во текстот, „нероазурите“ дефинитивно решија да го продадат Икарди после одлуката тој да не го продолжи договорот, а Белгијанецот е прва опција да ја земе „деветката„ на Интер.
Јунајтед нема ништо против тоа Лукако да го прати во Милано за околу 50 милиони евра, што е дури 35 милиони помалку од сумата што му ја плати на Евертон во 2017 година.
Лукаку, ако се заврши трансферот во Интер, ќе мора да се сложи со намалување на платата од 10 милиони по сезона, колку што моментно заработува.
Освен за Јунајтед и Евертон, Лукаку играше за Челси, Вест Бромвич Албион и Андерлехт.