СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(52) од село Едрениково, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот од 2013 до 2017 година тој како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината. Со ова, нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина Василево.
На граничниот премин Табановце вчера во 20 часот при пасошка контрола за излез од државата е откриено дека М.Л. (28) од Прилеп се бара со телеграма од полициската станица Прилеп.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од полициската станица Прилеп за понатамошна постапка.
Вчера во 06 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во близина на Башино Село излетало од патот патничко возило “тојота корола“ со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Србија.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Тајмишка“ избувнал пожар во куќата на Р.Р.(48), најверојатно поради заборавен вклучен електричен шпорет.
Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
Во полициската станица Радовиш вчера во 21:50 часот од страна на Г.К (67) било пријавено дека истиот ден околу 21:20 часот била касната од куче ситник на ул. „Самоилова“ во Радовиш.
Вчера во 21:50 часот во полициската станица Аеродром, О.В.(66) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот на улицата „Февруарски поход“ била касната од куче скитник во пределот на рацете.
Вчера во 23:45 часот во полициската станица Гази Баба, П.Д.(53) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23:25 часот на улицата „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.