На 14.7.2019 во 00:10 часот во угостителски објект на улица „133“ во Тетово, лишен од слобода е 32-годишниот тетовец Д.С., кај кого е пронајдена марихуана.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.07.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи кoи управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
МВР денеска соопшти дека за време на контролата биле регистрирани 52 прекршоци, од кои во Велес 22 прекршоци, во Кавадарци 23 прекршоци и во Неготино седум прекршоци.
За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави.
На 14.07.2019 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.40 часот во близина на Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес малолетник бил каснат од куче скитник.
На 14.07.2019 околу 23.55 часот во Полициската станица било пријавено дека не бензинска пумпа во валандовското село Удово, непознат возач со патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, платил за полнење гориво со три фалсификувани банкноти од по 1000 денари, по што го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.07.2019 година околу 22.00 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на наплатна станица Миладиновци, Г.П.(35) од Скопје, управувајќи патничко возило „ауди“ со бугарска национална ознака, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.П. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 14.07.2019 околу 13.50 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ц.С(61) од Битола и мопед „априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола.
Додека, сопатникот на мопедот О.С.(16 ) се здобил со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Битола.