Фудбалскиот клуб Силекс од Кратово, на неколку денови пред почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига, се засили со Божидар Митревски.
Осумнаесетгодишниот Митревски, кој досега настапуваше за скопски Вардар и е стандарден младински репрезентатиувец на Македонија, игра на позицијата десен бек.
Потпис за Силекс стави и младиот, исто така, осумнаесетгодишен фудбалер за врска Метин Рушити. Рушити доаѓа од Македонија ЃП.
Претходно, во летниот преоден рок за кратовскиот прволигаш потпишаа Жеравица, Ѓуриќ и Тимовски, а договорите ги продолжија Благојевиќ и Ефремов.