Од ВМРО-ДПМНЕ побараа итни оставки поради скандалот со вакцините што ја потресе јавноста.
„Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба и потоа само да се повлечат од 11 впунктови за вакцинирање во земјата. Во ек на прогласена епидемија и тоа токму од министерот за здравство, Венко Филипче излегува на виделина информација дека има вакцини со изминат рок на траење. Прашуваме какви казнени мерки ќе бидат преземени? Кој е одговорен? Дали и на колку деца им се дадени вакви вакцини? Зошто надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст упорно тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит – МРП имаат валиден рок на употреба, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, за скандалоттреба веднаш одговорност да поднесат сите надлежни, прво министерот за здравство, Филипче.