Пред почетокот на Светското првенство во фудбал, руската полиција обавила бројни оперативни разговори со криминални „авторитети“, со водачи на банди на кои им било сугерирано да се повлечат и да не ги плашат бројните странски навивачи кои стигнале од разни држави во светот. Некрунисаните кралеви на подземјето морале за време на Мундијалот да не доаѓаат во центарот на Москва со своите скапи блиндирани возила и со придружбите од телохранители.
Полициски инспектори, пишува агенцијата „Росбалт“, обавиле бројни разговори со поголема група „воров в законе“, што во превод значи „озаконети крадци“, а во суштина тоа се водачи на криминални групи. Кога се движат низ град и одат во ресторани со нив оди група од најмалку пет или шест телохранители. Полицијата знае дека меѓу некои од нив постои голема нетрпеливост па тие лесно посегнуваат по оружје.
Во советско време, кога Москва беше домаќин на Олимписките игри во 1980 година, тогаш полицијата го „исчисти“ градот од лица со поголем затворски стаж и од регистрираните проститутки.
Сега не се одело на такви мерки, но криминалните „авторитети“ се предупредени што ќе им следи ако се случи каков било инцидент.
До сега навистина се беше мирно. Водачите се „одмараат“ во нивните скапи викендици во Подмосковље и натпреварите ги гледаат преку ТВ. Тие, инаку, и не одат на стадиони.
Не е никаква тајна дека сите 11 градови каде што се играат натпреварите од Светското фудбалско првенство се „накитени“ со илјадници камери, па полицијата многу ефикасно се справува со џепчиите, но и други кои се огрешуваат на законот. Поради тоа многу гости од странство ги фалат гостопримството и безбедноста на овој шампионат.
Предупредени и џепчиите
На водачите на криминалците полицијата им дала уште една задача – им било речено преку своите луѓе да ги предупредат разните групи џепчии да се откажат од работата, инаку ќе ги чекаат жестоки казни.