Рафаел Надал испиша историја во тенисот. Шпанскиот тенисер во финалето на Ролан Гарос го совлада Стен Вавринка со 3:0 (6:2, 6:3, 6:1) и го освои 10-от пехар на еден Гренд слем и со тоа стана рекордер во таа категорија.
Натпреварот траеше нешто повеќе од два часа, а Надал импресивно го заврши турнирот на кој не загуби ниту еден сет.
Шпанецот од понеделник се враќа на второто место на АТП листата, а Вавринка ќе биде трет.
Јелена Остапенко, пак, во женска конкуренција е нова шампионка на Ролан Гарос. Летонката е најголемо изненадување на овогодишниот Гренд слем во Париз, а во финалето беше подобра од Романката Симоне Халеп – 4:6, 6:4, 6:3.
Остапенко во Париз дојде до првиот трофеј во кариерата потполно неочекувано, затоа што малку кој и даваше големи шанси на 47-та тенисерка на светот.
На Халеп и останува големата тага бидејќи со триумфот можеше да ја превземе водечката позиција на ВТА листата, додека Остапенко ќе направи голем пробив со освоените 2.000 поени.