Крузерот „Морска симфонија“ вчера од Барселона ја почна својата прва пловидба по Медитеранот, после три години избрадба.
Сопственик на ова импозантно пловило, најголемо на светот, е компанијата „Ројал Карибијан“, а како што објави Си-Ен-Ен Травел, тоа е долго 362 метра и може да прими 6.680 гости и 2.200 работници, што е речиси 9.000 луѓе.
Бродот располага со 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини. Има и 18 палуби што прави сите присутни да се чуствуваат лежерно.
На „Морска симфонија“ постојат 24 лифтови и седум делови, а секој дел има своја специфичност и со самото тоа, тенденција природно да ги подели патниците, како на пример солариум за возрасни или „Централ парк“ украсен со над 20.000 тропски растенија, или воден парк.
Овој пловен објект пружа низ возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринтот и симулацијата за сурфање, но круна на се, се чини, е „Ултимативниот амбис“, највисокиот тобоган направен досега на кој било крузер, којшто се наоѓа на 46 метри над нивото на морето. Спуштањето од врвот на тобоганот до долу, до базенот, трае 13,14 секунди.
На бродот има и танчерски и мизучки уметници кои со своите настапи им пружаат на присутните дополнително уживање.
Кога станува збор за сместувањето, првото место му припаѓа на „Ултимативниот семеен апартман“ на две нивоа, детски дел во разни бои кој содржи тобоган во собата, приватно кино, маса за пинг-понг и ѕид од лего коцки. Од другата страна, делот за возрасни е дуплекс за осум лица кој излегува на приватна тераса со џакузи, а ако гостите побараат, ќе добијат личен батлер кој ќе се грижи за целото семејство, како и личен фотограф, „главен инстаграмер“, кој ќе се погрижи да ги имаат најубавите фотографии, пишува Си-Ен-Ен.
Екстравагантниот крузер кој првото патување го започна од Барселона ќе патува до Палма де Мајорка, Фиренца, Пиза, Рим и Наполи, а на есен ќе заплови кон Мајами на Флорида, после што ќе почне крстарење по Карибите.