Вкупно 103 ученици од Општина Карпош утринава заминаа на одмор во Република Грција, во кампот „Александра“.
Станува збор за осум првенци на генерација, 38 ученици во социјален ризик и 57 спортисти.
Од Општина Карпош соопштуваат дека тоа се ученици кои во текот на изминатата учебна година покажале најдобри резултати во наставниот дел и во спортот.
Како што информираат, од оваа година се зголемил опфатот на децата, и локалната самоуправа одлучила да даде простор и на учениците од социјално – загрозените семејства.
„На овој начин обезбедуваме поттик и поголем простор за дружење меѓу сите ученици кои една недела ќе имаат можност да другаруваат, да спортуваат и да се рекреираат. Предвидени се различни активности за учениците: пинг – понг, игри без граници, тематски забави на плажа, водени спортови, одбојка“, се вели во соопштението на Општина Карпош.
Со цел грижа на децата, присутни се и лица од Општина Карпош, претставници од Одделението за образование и Одделението за спорт и култура.
Дополнително, за децата ќе се грижат и обучени тренери.