Аља Илинична има 89 години и официјално е најстар хирург на светот. После повеќе од 10.000 операции оваа баба не планира да запре и да ја напушти операционата сала.
Со медицина се занимава полни 67 години. Првите 30 ги поминала како дел од теренскиот тим на лекари кои им помагале на пациентите во зафрлените села. Денес работи во локалната болница во Разањ во Русија и оперира четири пациенти неделно.
„Да се биде доктор не е само работа, тоа е начин на живот. Ако престанам да работам, кој ќе оперира?, со насмевка истакнува оваа неуморна бабичка.
https://www.youtube.com/watch?v=WN83MZUXuk8&feature=youtu.be
Вели дека лекот за бесмртност не успеала да го измисли, но рецептот за долговечност очигледно го има.
„Јадам се, многу се смеам и многу плачам“, вели баба Аља.