Минатата недела на Вол Стрит сите водечки индекси достигна рекордно ниво, благодарение на добрите квартални финансиски резултати на компаниите, додека на останатите најголеми светски берзи се тргуваше претпазливо.
На Вол Стрит минатата недела Дау Џонс порасна за 1,1 отсто, на 21.830 поени, додека С&П 500 остана речиси непроменет, на 2.472 поени, а Насдак индексот падна за 0,2 отсто, на 6.374 поени.
Сите три индекси минатата недела постигнаа ново највисоко ниво во историјата, но само Дау Џонс успеа да се одржи на тоа, додека до крајот на неделата С&П 500 и Насдак „паднаа“.
Позитивно на пазарот влијаеја и пораките на лидерите на американската централна банка по нивниот редовен состанок. Тие порачаа дека каматите во иднина можат да продолжи да се зголемуваат, но постепено.
Меѓутоа, како што инфлацијата се движи под зацртаните стапки на Фед, Банката за федерални резерви, трговците на пазарот на пари проценуваат дека изгледите за зголемување на каматите во декември се значително помали од 50 отсто, додека неодамна беа значително повисоки.
А, американската економија е во релативно добра состојба. Во петокот беше објавено дека бруто домашниот производ (БДП) во второто тромесечје се зголеми за 2,6 проценти, побрзо во однос на 1,2 отсто во првиот квартал. Тоа е во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Сепак, во последните два дена од минатата недела, С&П 500 и Насдак композитниот индекс ги загубија своите добивки од почетокот на неделата.
„Имаме добра сезона на деловни резултати и многу добри економски показатели. Меѓутоа, цените на акциите веќе долго време растат, па инвеститорите почнуваат да бараат проблеми дури и во добрите податоци и мислам дека тоа е токму она што сега се случува на пазарот“, изјави Брус Мекејн, директор на Кеј Привате банк (Key Private Bank).
А, на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот индекс ФТСЕ падна за 1,1 отсто, на 7.368 поени, додека Франкфурт DAX за 0,6 отсто, на 12.162 поени. Меѓутоа, Париз CAC се зголеми за 0,3 отсто, на 5.131 поени.
На Токиската берза, пак, индексот Никеи минатата недела падна за 0,7 отсто, на 19.959 поени.