Невработеноста во Јапонија е исклучително ниска, дури 2,5 отсто, што значи дека е многу тешко да пронајдеш работници. Уште потежок проблем станува кога ќе ви затребаат некои многу специфични занимања, како на пример – нинџи!
Токму со таков проблем се соочува јапонскиот град Ига, во кој се одвива фестивалот на нинџите. Властите на овој град сакаат да го искористат фактот дека се повеќе туристи доаѓаат во Јапонија. Но, тие повеќе се задржуваат во поголемите градови додека руралните места како Ига остануваат запоставени. Челниците затоа одлучиле да вложат повеќе средства за да ги привлечат туристите и да ги натераат подолго да останат кај нив.
Сакае Окамото, градоначалникот на Ига, реши да го пресели градското собрание и на негово место да направи втор музеј на нинџи, пренесува „Бизнис инсајдер“.
„Моментно Ига работи многу сино на промовирање на нинџа туризмот и на постигнување на што подобри стопански резултати“, рече Окамото.
Во градот во кој живеат 100 илјади луѓе доаѓаат околу 30 илјади туристи, но тие остануваат само еден ден. За градот е многу важно да има стално вработени нинџи, да има такви кои би глумеле дека се нинџи и тоа за многу добри плати. Годишната заработка им се движи од 23.000 до околу 85.000 долари.