„Додека не се формира влада, не може да се објавуваат огласи за редовни вработувања на неопределно време“, изјави денес министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, одговорајќи на новинарски прашања пред обраќањето на Глобалниот самит на жени лидери 2017.
Постоело законска забрана, објасни таа, до формирање нова влада да има нови вработувања, освен во ситуации кога се работи за итни и неодложни активности, за што било потребно институцијата да обезбеди потврда дека навистина се работи за такво нешто од страна на Државната комисија за спречување корупција.
Додека не се формира влада, не може да се објавуваат огласи, Марта Арсовска Томовска
Јавни огласи за редовни вработувања на неопределно време нема, според неа, уште од денот на распишувања на изборите, а во овој меѓу период, имало ангажирања само на сезонски работици во ЈП Македонски шуми и Македонија пат.
Извештајот за вработувањата во 2016 година, рече, ќе биде објавен во текот на следните 15-на дена.
„Имаме законска обврска до 31 март да го објавиме Извештајот, но во фаза е на подготовка. Ќе видите точни податоци, каде, колку, зошто,…се реализирани вработувања, истакна Арсовска Томовска.