Компанијата „Нестле“ претрпе денеска пораз во Европскиот суд за правдата, затоа што не успеа да го заштити обликот на својот производ, „кит кат“ чоколадите.
Судот ја отфрли жалбата на „Нестле“ со која беше побарано да се преиначи претходната пресуда против таа компанија, пренесува Ројтерс.
Компанијата „Нестле“ од 2002 година се обидува да добие заштитен статус за ова чоколадо, но европскиот суд денеска ја „потона“ нејзината надеж.
Најновата пресуда веројатно ќе донесе олеснување на љубителите на норвешкото чоколадо „квикк лунсј“ кое е со сличен облик, а неговиот производител, Монделез, може да продолжи со продажбата на тој бренд ширум Европа.
Тоа чоколадо на пазарот се појави во 1937 година, две години откако „кит кат“ прв пат се најде на рафтовите во Обединетото Кралство.