Петок 13 многумина во светот го сметаат за баксузен ден. Ако се грижите што ќе биде овој пат, тогаш не сте единствени, пишува британски Телеграф. Психолозите дури смислија дијагноза за такво чувство – параскаведекатриафобија или страв од петок 13-ти.
Една опција е даостанете во кревет и да го избегнмете потенцијалниот баксуз кој може да ви се случи на ваков ден или, сепак, да го игнорирате ова суеверие.
Ова широко распострането суеверие би можело да потекнува уште од Средниот век и да има дури и библиско потекло. Одделни историчари тврдат дека тоа беше ден кога Ева го навела Адам да касне од јаболкото, кога почнал потопот и изградбата на Вавилонската кила.
Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за Исусовите последни маки на Велики четврток, ден пред распнувањето на Исус на Велики петок.
Различни се приказните за почетокот на суеверието на овој ден. Некои сметаат дека се потекнало од кога Филип IV од Франција во петок на 13 октомври 1307 година уапсил стотина темплари.
Во приказната „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Молај на петок 13-ти. Тој наводно ги проколнал папата и кралот на Франција.
Можно е и дека романот на Томас Лонсон од 1907 година „Петок тринаесети“ одиграл значајна улога во ширење на суеверието. Во романот, бескорулозниот берзански брокер го користи суеверието за да креира паника на Вол Стрит на петок 13-ти…
Одделни медиуми наведуваат дека се претпоставува дека паниката околу наведениот ден се створила во 1927 година кога се случил вториот најголем пад на берзите. Деловните неуспеси и банкротите ги поттикнале очајните брокери на скокање од прозорците на зградата на Вол Стрит. Бидејќи биле многу, се верува дека луѓето кои оделе долу покрај зградата не биле сигурни. Денот е запаметен како „црн петок“ и после тоа одново на Американците им влеал страв во коски, а скептичноста се проширила и на остатокот од светот, првенствено во Европа каде што петок 13-ти набрзо стана синоним за несреќа.
Стравот за бројот 13 се поврзува и со норвешкиот мит за 12 богови кои приредиле вечера на која дошол непоканет тринаесети гостин.
Тој го навел богот на темнината Ходер да го застрела богот на веселбата Балдер. Откако тој умрел цела земја била завиена во црно.
Бројот 13 се доживувал како несреќа и пред Христос. Имено историскиот број 12 е сметан за потполн, односно означувал совршенство додека 13 бил број кој го реметел природниот склад – постојат 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 зодијачки знаци…
Во многу западни земји во високите згради не постои 13 кат. Некои истражувања покажуваат дека тој кат нема дури 80 отсто од облакодерите. Куќите исто така обично го немаат бројот 13, како и многу хотели, на пример Карлтон во Лондон нема 13 кат. Се смета за несреќа и ако 13 луѓе вечераат заедно, а ова верување го имал претседателот на САД, Теодор Рузвелт. Тој одбивал да патува на петок 13-ти.
Во Сомерсет се вели дека ако некој во петок го помести креветот ги свртува бродовите на море, а во некои краишта бебињата кои ќе се родат во петок ги ставаат на Библијата. Во дриги краеви пак секој којшто ќе повика првпат доктор во петок, на некој начин претскажува смрт. Шишање или сечење нокти во петок се смета за несреќа, а некои парови одбиваат да се венчаат во петок. Во последните неколку години значително паднал бројот на патници во деновите кога 13-ти е во петок, а тоа се еднаш или два пати во годината.
На петок 13-ти паѓа и бројот на продадени недвижности. Едно истражување покажува дека меѓу 2005 и 2012 година имало 43 отсто помалку трансакции на овој ден во однос на кој било друг петок. Најлош ден за продажба на недвижности, според ова истражување бил петок 13 мај 2011 година кога продажбата на недвижнини паднала за дури 51 отсто. Агентите за недвижности тврдат дека куќи со бројот 13 не се така чести. Според сајтот за недвижности Зоопла (Zoopla), само 28 отсто од улиците имаат куќи со бројот 13.
За оние кои не се грижат дека во текот на венчањето можат да се откачат лустерите од таванот и да паднат долу постојат специјални понуди за овој ден. Така, на пример, некои компании кои организираат венчавки нудат 13 отсто попуст за оние кои ќе се одлучат да се венчаат на петок 13-ти.
Сепак, секој петок 13-ти и не е така лош ден. На ваков ден во 1930 година во Велика Британија е основана првата нудистичка колонија, а пак на тој ден, но во 1923 година, на планината над Лос Анџелес откриен е натписот Холивуд.