Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност.
Претпладне во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а преку ден облачноста насекаде ќе се намалува.
Ќе дува слаб, а во источните делови и по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.