Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализираните и неперсонализираните. Цената и функционалноста на новите „Скопска“ картички, останува иста како и на старите.
Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.
Идејата и одлуката за новиот дизајн на новите картички е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.
Во текот на април, според планот, треба да биде воведен електронски билет за едно возење, а од јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.
Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.
Раководството на претпријатието е уверено дека сите овие новини ќе придонесат за значително зголемување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед.