Новиот орган во човековиот организам и слубено го доби името – мезентериум и се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт.
Неговата структура е добро позната, а за функцијата не се знае многу.
Мезентериумот во суштина е двослоен превој кој ги поврзува цревата со задниот дел од стомачната празнина.
Анатомскиот опис кој веќе 100 години се наоѓа во литературата не бил потполно точен.
Долго се мислело дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури.
„Овој орган е далеку од проста низа неповрзани засебни делови, тоа е една структура“, објаснува Калвин Кофи, професор по хирургија од Универзитетската клиника Лимерик во Ирска.
Според неговите зборови, објаснета е анатомијата на структурата, а следен чекор е да се објасни неговата функција.
„Ако ја разбирате функцијата, можете да препознаете неправилност во работата и тогаш имате болест. Сложете го сето тоа заедно и ќе добиете цела нова гранка во медицината“, додава Кофи.
Веста за неговото откривање е објавена во магазинот „The Lancet Gastroenterology & Hepatology“.
Студентите по медицина и научниците сега вниманието ќе го насочат кон истражување на улогата на мезентериумот во абдоменалните заболувања.