На трите натпревари одиграни ноќеска во осминафиналето од разигрувањето за титулата во НБА-лигата, се радуваа екипите домаќини.
Торонто изедначи во серијата со Орландо, Денвер исто така стигна до првата победа против Сан Антонио, додека Портланд е првиот тим кој стигнал до две победи.
Постигнати резултати:
Торонто – Орландо 111:82 (1-1 во победи)
Денвер – Сан Антонио 114:105 (1-1)
Портланд – Оклахома сити 114:94 (2-0).
Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат тимовите кои први ќе стигнат до четири победи.