Повторно одложено судењето за случајот „Талир“ на СЈО. На почетокот на денешното рочиште адвокатите и СЈО ги образложија секој своите аргументи зошто рочиштето треба односно не треба да се одложи. Покрај ова СЈО до судот достави и Предлог со кој се бара судењето да почне и на Никола Груевски да му се суди во отсуство.
Рочиштето почна, но не и судењето. Случајот „Талир“ се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на Игор Јанушев и Наум Стоилковски, кои се овластени претставници на опозициската партија, а отсуството го правдаа со активности кои ги имале околу претседателските избори.