Судењето за 27 април пак се одложи поради тоа што не се окончани правосилните решенија за амнестијата, поради што се одложи и претходното рочиште, прво во 2019 година, а на кое требаше да им се суди на неамнестираните во случувањата во Собранието
Во петокот требаше да се одржи седница на Апелација по повод жалбата на Абдулфета Алими дека не добил амнестија, но беше одложена за денеска, така што не е завршена процедурата во однос на правосилноста на решенијата, изјави судијката Добрила Кацарска.
Таа наредното рочиште го закажа за 31 јануари бидејќи обвинителката Вилма Русковска ќе биде службено отсутна една недела.
На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија” Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.
Обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпи суштински измени и останува истото кривично дело, изјави денеска пред Кривичниот суд јавната обвнителка Вилма Русковска.
„Обвинителниот акт не претрпи суштински измени. Има прецизирања со оглед на дополнителните докази кои беа презентирани. Со оглед на Законот за амнестија мораше попрецизно да се објасни кој од обвинетите што направил, а тоа ќе биде во завршни зборови, изјави Русковска.
На новинарско прашање дали тоа значи дека останува истото кривично дело, обвинителката Русковска, рече „да“.
Денешното рочиште за насислтвата во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, се одложи за 31 јануари, бидејќи како што информира судијката Добрила Кацарска, се уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелација.
„За Абдулфета Аљими била закажана јавна седница на Апелација за петок, но не се одржала и е закажана за денеска. Обвинителката Вилма Рускоска следната недела ќе биде службено отсустна и тие рочиштата се откажуваат, па следното рочиште ќе се одржи на 31 јануари, изјави Кацарска