Едно лице е убиено откако непознат напаѓач отворил оган во црква во градот Салмон Арм, во канадската провинција Британска Колумбија.
„Млад маж се појави со пушка по литургијата во црквата, ја насочи кон татко ми и пукаше во него, сведочи синот на убиениот. Жртвата е 78-годишниот Гордон Парментор.
Според синот на Парментор, по нападот мажот веднаш ја напуштил црквата, а потоа се вратил и продолжил да пука.
„Тој погоди друг човек во нога, кој бегаше… Јас и неколку други луѓе успеавме да го совладаме и да му го одземеме оружјето, објасни синот на загинатиот.
Подоцна полицијата го потврди инцидентот и додаде дека застреланиот маж во ногата бил пренесен в болница и се наоѓа во стабилна состојба, а напаѓачот е уапсен.
Синот на жртвата тврди дека неговиот татко и убиецот се познавале. За напаѓачот вели дека имал психички проблеми, но мотивот за нападот се уште не е познат.