Јазот меѓу супербогатите и сиромашните е поголем отколку што се мисли.
Само осум најбогати, шест Американци, еден Шпанец и Мексиканец, поседуваат исто колку и 3,6 милијарди луѓе од сиромашниот дел на светската популација – што е речиси половина од човештвото, покажа истражувањето на хуманитарната организација Оксфам со седиште во Оксфорд.
Оксфам минатата година соопшти дека 62 најбогати лица на светот се еднакво богати како и сиромашната половина од светската популација.
Во новиот извештај тој број падна само на осуммина најбогати.
Основачот на корпорацијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс е најбогат со 75 милијарди долари, а втор е Амансио Ортега, основачот на „Зара“ и сопственик на „Индитекс“.
Следат најголемиот акционер во Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет, потоа мексиканскиот милијардер којшто се занимава со телекомуникации Карлос Слим, основачот на „Фејсбук“ Марк Цукенберг, Лери Елисон и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг.