Непознати лица активираа димни бомби на Плоштадот Свети Марко во Венеција, што предизвика паника меѓу туристите, јавија италијанските медиуми.
Разбојниците се обиделе да ограбат златара на прочуениот венецијански плоштад и активираа димни бомби за да го прикријат своето движење, пренесе агенцијата АНСА.
Една бомба активирана е во близина на камбанеријатана базиликата Свети Марко, а втората во средиштето на колонадата.
Инцидентот предизвика паника меѓу туристите и продавачите кои се посомневале дека се работи за пожар или терористички напад.
Еден од очевидците видел маж како ги иактивира бомбите и уште двајца кои се обиделе да влезат во златарницата, наведува дневниот весник „Газетино“.
Разбојниците после неуспешниот обид за грабеж исчезнале во толпата.