Австралиските власти ги предупредија граѓаните да одбегнуваат престој на отворено поради рекордните температури овие денови во некои делови од земјата.
Делови од државите Нов Јужен Велс и Западна Австралија забележаа ноќни рекорди од 33 степени Целзијусови додека највисоките дневни температури преминуваат 45 степени, објави државниот метеоролошки завод.
Во Нов Јужен Велс, Западна Австралија, Тасманија и Викторија се очекуваат највисоки температури.
Одбегнувајте физичка активност, пијте доволно течности – тоа е пресудно во овој момент“, изјави директорот за здравство во владата на Нов Јужен Велс, Ричард Брум.
(Фото: ЕПА)