Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија на коалицијата Заедно Напред, Стево Пендаровски денеска на граѓанска трибина во Тетово рече дека коцептот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Давкова Силјановска е да го уништата до сега направеното и со тоа да ја вратат земјата назад и да ја блокираат иднината на сегашните и идните генерации.
„Нивната кандидатка сака да уништат се што оваа гарнитура направи. Ќе направеле ревизија на договорите и не кажуваат кој ќе им даде меѓународна гаранција за тоа, молчат. Сите најголеми светски сили рекоа да за договорите и со нивна помош сме овде каде што сме денска. Нема да видиме ни Н од НАТО ни Е од ЕВРОПА ако ги прекинеме тие договори. Нивната кандидатка заговара ревизија на сите овие документи.
Силјановска е против Преспанскиот договор, против Законот за јазици, против децентрализација и против сите документи на кои почива нашата безбедност и сигурност“, рече Пендаровски.
Пендаровски дополни дека доколку опозиционите политичари добијат шанса да бидат власт нивните први одлуки ќе бидат укинување на сите документи кои значат безбедност, сигурност и стабилност за нашата земја и со тоа се враќаат ризиците и несигурноста што беа пристни во раните 90тите.
„Ова се најдобрите договори што може да ги имаме со гаранции за идентитетот, сувереноста и државноста. Со поништување на се што е направено до сега, за што се залага Силјановска ние се враќаме во раните 90-ти. Доста беа 30 години транзиции, режим и фамилија, Силјановска враќа во раните 90-ти години“ порача Пендаровски, кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија од коалицијата Заедно Напред на граѓанската трибина во Тетово.