„Пешачењето е наједноставна физичка активност, но придобивките од одењето честопати знаеме да ги потцениме. Наместо еден час дневно да поминете пред компјутер, на мобилен телефон или гледајќи телевизија, тоа време искористете го за пешачење, бидејќи на тој начин ќе го намалите ризикот од појава на некои болести, значително ќе ги зајакнете коските и ќе ја подобрите циркулацијата.
Кај луѓето со поголема телесна тежина пешачењето особено се препорачува, бидејќи ги согорува маснотиите, ги ублажува токсините и го смалува нивото на холестерол во крвта.
Пешачењето освен што има важна улога во физичкото здравје, тоа го подобрува и менталното здравје кај човекот, го ублажува стресот, ја намалува депресијата и му помага на човекот да се релаксира.