Бројот на загинати во трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци се искачи на 15, откако почина уште еден маж кој бил примен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар.
Како што известија здравствените власти, во критична состојба се уште пет пациенти, меѓу кои и 20-годишна девојка на која вчера ѝ беше ампутирана ногата.
Дел од повредените се лекуваат во болничките центри во земјава, а тие со помали повреди се пуштени на домашно лекување.